Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Галинари ја скрши ногата

Данило Галинари, играчот на Денвер и еден од најдобрите стрелци во НБА-лигата оваа сезона, го скрши зглобот на левата нога во поразот на неговиот тим од Хјустон.

„Нервозен сум бидејќи нема да играм некое време. Се надевам дека бргу ќе закрепнам. Денес ќе направам дополнителни снимки и тогаш ќе знам повеќе“, изјави Галинари.
Тој на натпреварот постигна четиринаесет поени пред да дојде малерозната трета четвртина, кога згазна на ногата на противничкиот играч и се повреди себеси.
Неговиот соиграч Тај Лосон рече дека било тешко да се гледа кога Италијанецот згазнува на ногата на противникот.
„Болно беше додека го гледав тоа, а знаев дека е нешто многу сериозно кога го видов како го напушта теренот. Тој е цврсто момче и бргу ќе закрепне“, рече Лосон.
Галинари неодамна потпиша четиригодишен договор со Денвер, кој по сезона ќе му гарантира заработка од десет милиони долари.

Најнови вести