Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2012

Галинари го продолжи договорот со Денвер

Италијанскиот репрезентативец Данило Галинари вчера потпиша нов договор со Денвер нагетс.

Ниското крило во текот на минатата сезона со размената на играчи, во кои беше вклучен и Чонси Билапс, од редовите на Њујорк никс дојде во главниот град на државата Колорадо и се обврза на четиригодишен договор.
Како што пренесуваат медиумите од САД, тој со потпишувањето на новиот договор ќе заработи вкупно четириесет и два милиони долари.
Галинари за време на локаутот во НБА-лигата, кој траеше речиси до Нова година, настапуваше за италијанскиот клуб Армани џинс, кој воедно е и негов матичен клуб од каде што во 2008 година замина за НБА.

Најнови вести