Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2015

НБА: Вориорс осамени, прва победа на Лејкерс

Кошаркарите на Голден Стејт го победија Денвер со 119:104 и останаа единствената непоразена екипа во НБА лигата, откако Торонто загуби на гостувањето од Орландо со 92:87.

Голден Стејт до шестиот триумф во низа го предводеше Стефон Кари со 34 поени, 10 асистенции, 7 скокови и три украдени топки. Вориорс покажаа дека се во одлична форма, веќе 22 натпревари не доживеале пораз, а им недостасуваат само уште три победи за да го изедначат најдобриот старт со сезоната во Филаделфија од 1961 година.
Покрај Кари во тимот на актуелниот шампион се истакна и Харисон Барнс со 21 поен, 18 поени додаде Клеј Томсон, а Фестус Езел постигна 16 поени.
На екипата на Торонто не и беше доволна добрата партија на Демар Дерозан (23), Кори Џофер (19) и Кајл Лаури (17) за да го избегне првиот пораз сезонава. Орландо пак ја прекина низата на од пет победи по ред на Рапторски, иако во тимот поради повреда на коленото не беше стартниот центар Никола Вучевиќ.
Првиот триумф оваа сезона го извојуваа Лос Анџелес Лејкерс, кои во Њујорк беа подобри од Бруклин со 104:98.
Лејкерс ги предводеше Коби Брајант со 18 постигнати поена, но со лош процент на шут од игра - 5 од 16.
На останатите натпревари Кливленд беше подобар од Филаделфија 108:102 , благодарејќи на Леборн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 31 поен.

Најнови вести