Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Бостон го победи Вашингтон за финале против Кливленд

Бостон селтикс го победи Вашингтон во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција со резултат 115-105 и на тој начин си обезбеди финале против Кливленд кавалирс и Леброн Џејмс.

Во првото полувреме од натпреварот се играше израмнето, со мала предност на Бостон во двете четвртини, но кошаркарите на Вашингтон одиграа одлично во последните неколку минути и на полувремето дојдоа до резултат 53-55.
И во третата четвртина се играше кош за кош од двете страни, а во четвртиот дел Бостон настапи фуриозно и стигна до предност од 13 поени. Тоа беше доволно рутински да го заврши натпреварот.
Во екипата на Бостон најефикасен беше Ајзеја Томас со 29 поени и 12 асистенции, но, сепак, херој на победата беше одличниот Кели Олиник со 26 поени, пет скока и четири асистенции. Во последната четвртина од дуелот тој постигна дури 14 поени, кои беа клучни за резултатот. Солиден беше и Хорфорд со 15 поени.
Најефикасен кошаркар во тимот на Вашингтон беше Бредли Бил со 38 поени, Ото Портер постигна 20 поени и десет скока, а по 18 поени имаа Маркиф Морис и Џон Вол.

Најнови вести