Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2016

Кари руши рекорди

Голден стејт вориорс го совладаа Орландо со 130:114 со уште една партија за паметење на Стефен Кари.

Најкорисниот играч во лигата минатата година постигна 51 поен, трет пат во сезоната имаше најмалку 50 поени на натпревар, и попатно собори уште еден рекорд.
Кари погоди тројка на 128 по ред натпревар, со што го надмина резултатот на Кајл Корвер од пред неколку години.
Актуелниот шампион сега има резултат од 52-5, што е најдобар до сега во најсилната лига на светот по овој дел од сезоната. Кари на Флорида погоди 20 шутеви, од кои десет тројки.
„Не знам дали тој рекорд му е значаен бидејќи е тоа многу лесно за него. Тој погодува тројки како да шутира за два поена. Тоа е тој. Стигнавме до точката кога очекуваме да шутира од половина терен“, изјави тренерот на Вориорс, Стив Кер.

Најнови вести