Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2015

Перо Антиќ се врати во Европа

Единствениот Македонец кој играл во НБА, Перо Антиќ, следната сезона ќе игра во Европа за турскиот Фенербахче.

Кошаркарот кој минатата сезона со Атланта стигна до финалето на Источната конференција ги договори личните услови со турскиот Фенербахче кој го предводи Жељко Обрадовиќ.
Челниците и стручниот штаб на Фенербахче во Антиќ гледаат големо засилување за следната сезона, а претходно за турскиот клуб потпиша Костас Слукас кој дојде од Олимпијакос.
Антиќ, покрај Атланта, играше и за Црвена звезда, Олимпијакос, Работнички, АЕК, Лукоил Софија, Локомотив Кубањ и Спартак од Санкт Петерсбург.
Триесет и тригодишниот поранешен македонски репрезентативец сезоната која заврши во најсилната лига на светот одигра 63 натпревари и имаше просечен ефект од 5,7 поени, три асистенции и 0,8 скокови.

Најнови вести