Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2015

Антиќ и Атланта во полуфиналето на Истокот

Атланта славеше на шестиот натпревар во Бруклин со убедливи 11:87 и со 4-2 се пласираше во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретне со Вашингтон.

Во натпревар кој се разликуваше од претходните две гостувања, Атланта одигра доминантно и дојде до убедлив триумф од 24 поени разлика.
 Атланта уште во првата четвртина создаде недостижна предност за противникот, а најдобри беа во третата четвртина во која постигнаа 41 поен, 20 повеќе од Бруклин.
Перо Антиќ немаше добра партија, поради брзите лични грешки имаше мала минутажа, одигра само 9 минути за кои не успеа да постигне кош.
Најефикасен кај Атланта беше Пол Милсап со 25 поени, по 20 запишаа Корвер и Керол.
Во полуфиналето на Истокот Атланта се среќава со Вашингтон кој во првото коло од плејофот со сигурни 4-0 го елиминираше Торонто.

Најнови вести