Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2015

Антиќ претставен во Фенербахче

Перо Антиќ е официјално претставен како ново засилување за турскиот Фенербахче.

Македонскиот центар потпиша двегодишен договор со можност да се продолжи на уште една година и се врати во Европа по две сезони поминати во НБА лигата во екипата на Атланта.
„Сакам да играм во средина во која целите се највисоки. Обрадовиќ ми кажа сè и не можев да одбијам. Фенербахче сака трофеи и тоа совршено се вклопува во мојот стил на размислување“, изјави Антиќ на претставувањето.
Антиќ е трето засилување за турскиот клуб по Боби Диксон и Костас Слукас, а се очекува и доаѓањето на Бариш Херсек. Македонскиот кошаркар следната сезона ќе го носи дресот број 12.

Најнови вести