Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2015

НБА-лига: Антиќ и Атланта со нова победа

Атланта хокс ноќеска ја совлада Индијана на домашен терен со 110-91 и со тоа ја реализира 14-тата последователна победа, а 28-ма на последните 30 натпревари.

Целиот стартен тим на лидерот на Источната конференција, заедно со Перо Антиќ, запишаа двоцифрен број поени. На натпреварот најефикасни играчи беа ДеМаре Керол и Џеф Тиг, коишто постигнаа по 17 поени, а македонскиот кошаркар постигна 12 со шут од игра 4/7, за три поени 3/5, четири скокови и две асистенции.
Аталанта досега има 35 победи и осум порази и е сигурна на првото место на Источната конференција, па веќе се знае дека на 15-ти февруари во Њујорк тренерот Мајк Булденхолцер ќе го предводи тимот на Истокот на Ол стар натпреварот.

Најнови вести