Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2015

Голден стејт ја продолжи серијата на 23-0!

Кошаркарите на Голден стејт ја продолжија низата од победи и сега имаат резултат од 23-0.

Клеј Томпсон го одмени Стефан Кари, успеа да погоди 10 тројки за триумфот на Вориорс над Индијана со 131:123, а на Индијана не им беше доволен ни извонредниот Пол Џорџ оваа сезона.
Актуелниот шампион на најсилната лига на светот продолжи да ја пишува историјата остварувајќи ја рекордната 13-та победа на гости, вкупно 27 ако се смета и крајот на минатата сезона. Овој пат Стефан Кари не беше во центарот на вниманието, иако додаде 29 поени, 10 асистенции и 7 скокови.
Феноменална ноќ имаше Клеј Томпсон кој постигна 10 тројки од 16 обиди за да постигне рекорд на сезоната од 39 поени. Тој дури 29 ги постигна во првото полувреме и беше иницијатор за серијата од 22:0 со која Вориорс го прекршија натпреварот.
„Ова беше една од они вечери од кои во текот на вечерта имав неколку одлично изработени позиции. Влегов внатре и се чувствував одлично. Осетив обврска да овозможам ваква партија“, изјави Томпсон кој запиша 7 фатени топки и 6 успешни додавања.
Од друга страна пак Пол Џорџ беше најефикасен со 33 поени, 8 скокови и 6 асистенции, но ни тој не беше доволен да се случи пресврт, иако Индијана во последната четвртина успеа резултатот да го намали на шест разлика. Гостинскиот тим го одигра најдоброто прво полувреме во текот на кое постигна 79 поени, повеќе отколку што многу европски клубови ги постигнуваат за цел натпревар.
Во дуелот меѓу Леброн Џејмс и Демијан Лилард како победник излезе „Кралот“. Средбата за заврши со 33 поени и 10 скокови, предводејќи ги Кливленд до 14-7. Шутираше 14-24 од игра, а 14 поени постигна во последната четвртина со две тројки кој беа битни за потврда на победата.

Најнови вести