Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2014

Извонредниот Антиќ постави личен рекорд во победата над Мајами

Перо Антиќ, единствениот Македонец во НБА-лигата, постигна 17 поени против актуелниот шампион на најсилната кошаркарска лига во светот, кој синоќа беше поразен од Атланта хокс со 121:114.

Македонскиот кошаркар одигра најдобро досега во НБА-лигата, и тоа против шампионот Мајами хит. Антиќ играше во стартната петорка, одигра 25 минути од натпреварот со учинок од рекордни 17 поени (5/6 за два, 2/4 за три, и 1/2 од слободни фрлања) и оствари шест скока и три асистенции.
Антиќ одличен го почна натпреварот и успеа да постигне дури десет од вкупните 15 поени за својот тим во првата четвртина.
Во големиот триумф на Атланта клучна улога имаше тимската игра, како и големиот придонес дури на седуммина кошаркари кои постигнаа двоцифрен број поени.
Најпрецизен во победата на тимот на нашиот интернационалец беше Пол Милсап со 26 коша, а втор, со два поени повеќе од Антиќ, беше Демар Керол.
Во редовите на шампионот најпрецизен беше Леброн Џејмс со 30 поени, четири асистенции и шест скокови.

Најнови вести