Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2016

Вејд се врати дома: Одлично е да се биде бик!

Освојувач на три шампионски прстени со Мајами, потпиша двегодишен договор со тимот од својот роден град, вреден 47 милиони долари.

Чикаго булс ќе биде неговата втора екипа во НБА лигата, бидејќи целата кариера во најсилната лига во светот ја помина во Мајами хит, за кои играше 13 години.
„Здраво на сите, овде Двејн Вејд од Чикаго булс, не можам да ви опишам колку добро звучи и какво е чувството.
Возбуден сум што ќе играм на местото на кое што сум, а за кое секогаш мечтаев, во градот во кој сум роден и пораснат. Едвај чекам да ве видам и чујам како навивате и скандирате. Многу не чека во иднина, ќе биде многу интересно“, изјави Вејд во првото обраќање пред навивачите на Чикаго, преку Твитер.
Вејд го напушти Мајами како најдобар стрелец, како играч со најмногу одиграни натпревари (855).

Најнови вести