Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

Просинечки нов селектор на Босна и Херцеговина

Роберт Просинечки, поранешниот фудбалер и тренер на Црвена ѕвезда, е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Просинечки ја доби довербата на седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина во Сараево пред противкандидатот Амар Осим.
Хрватскиот стручњак, кој неодамна ја напушти клупата на селекцијата на Азербејџан, го наследи Мехмед Баждаревиќ по неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Просинечки самостојната тренерска кариера ја почна во Црвена ѕвезда, со која како играч стана шампион на Европа, а пред да замине во Азербејџан,го водеше турскиот Кајсериспор.
Новиот селектор дебито на клупата на Босна и Херцеговина го очекува на крајот на јануари, кога ќе гостува кај репрезентацијата на САД во Лос Анџелес (28-ми), додека три дена подоцна ќе игра со Мексико во Тексас (Сан Антонио).

Најнови вести