Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2015

ЕВРО: Познати носителите за ждрепката и за баражот

Фудбалските репрезентации на Англија, Белгија и Португалија ќе бидат меѓу носителите на ждрепката за Европското првенство 2016 година во Франција.

Европската фудбалска унија денес ја соопшти листата на носителите.
Во првиот шешир ќе бидат и светскиот шампион Германија, актуелниот европски шампион Шпанија и домаќинот Франција.
Во вториот шешир се Италија, Русија, Швајцарија и една екипа од баражот. Познато е дека во четвртиот шешир ќе бидат Албанија, Исланд, Велс и Северна Ирска, а преостанатите учесници во третиот и четвртиот дел од ждрепката ќе бидат познати по баражот и коефициентите на УЕФА.
Ждрепката за баражот ќе се одржи во недела, на 18-ти октомври, од 11.20 часот во Нион, а носители се: Босна и Херцеговина, Украина, Шведска и Унгарија. Во баражот ќе играат уште: Данска, Република Ирска, Норвешка и Словенија.
Првите натпревари од баражот ќе бидат одиграни на 12-ти, 13-ти и 14-ти ноември, а реваншите на програмата се на 15-ти, 16-ти и 17-ти ноември.
Ждрепката за Европското првенство 2016 година ќе се одржи на 12-ти декември во Париз.

Најнови вести