Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Македонија во полуфиналето - Костески во последната секунда донесе победа за нашата репрезентација

Младите ракометари со минимален триумф над Фарските Острови се пласираа во полуфиналето од Европското првенство до 18 години (Б дивизија)

Ракометната репрезентација на Македонија славеше со минимални 30-29 против Фарските Острови за пласман меѓу најдобрите четири селекции на ЕП до 18 години. Херој на мечот е Ненад Костески, кој со голот во последната секунда донесе славје за селекцијата на Брестовац.

Фарските Острови први направија иницијатива со 7-3, но, сепак, нашиот состав успеа да ја наметне својата игра во продолжението и на пауза да се замине со нерешени 16-16. И во второто полувреме се играше егал, додека при проблеми во нападот на нашите ракометари, на голот Мизиќ беше фантастичен и бранеше кога беше најпотребно. Во последната минута беше изедначено, но на осум секунди до крајот, беше досуден пенал во корист на Фарските Острови. Мизиќ со феноменална одбрана го одржа резултатот, додека веднаш на другата страна Костески погоди со последниот свиреж на мечот.

По овој натпревар, Македонија заедно со Швајцарија го дели првото место во групата А, единствени со максимален учинок по првите три кола. Иако сè уште не е официјално, селекцијата на Македонија е многу блиску до осигурување пласман во полуфиналето, заедно со репрезентацијата на Швајцарија. Овие две селекции токму утре ќе ги одмерат силите за да се одлучи победникот во групата, кој теоретски ќе добие полесен противник на хартија.

 

Најнови вести