Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
22.1.2018

Гонзалес: Не знам зошто одигравме толку лошо

Раул Гонзалес изјави дека е незадоволен од играта и од поразот со 20-31 на синоќешниот натпревар на македонската репрезентација со Шпанија и додаде дека не може да ја пронајде причината за лошата игра на неговата екипа.

Покрај тоа што на натпреварот синоќа Македонија беше поразена од Шпанија, се повреди и најдобриот играч во нашата селекција, капитенот Кире Лазаров. Тој во осмата минута од дуелот се пожали на повреда на задниот дел на бутниот мускул и не можеше да игра до крајот на мечот.
„Не знам што ни се случи и зошто игравме толку лошо и надвор од договорот. Правевме многу технички грешки, не погодувавме, а и одбраната не одигра доволно цврсто и агресивно. Дополнителен дисбаланс на играта настана по повредата на капитенот Лазаров, кој не беше во состојба да го продолжи мечот. Треба да го заборавиме овој меч. Имаме еден ден да ги средиме мислите, да анализираме и да се подготвиме за натпреварот со Чешка“, изјави селекторот Гонзалез по мечот.
Македонија останува без капитенот во последните два натпревари, а тоа ни ги намалува шансите за полуфинале. Селекторот Раул Гонзалес не верува дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревара.
 „Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревара. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството“, изјави Раул Гоналез на прес-конференцијата по мечот со Шпанија.

 

Најнови вести