Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Ислами и Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во Берлин

Елитното континентално натпреварување во атлетика кое ќе се одржи во Берлин започнува во понеделник, Македонија со двајца претставници

Дрита Ислами и Дарио Ивановски ќе трчаат под знамето на Македонија на 24-тото Европско првенство во атлетика, кое ќе се одржи во Берлин. 

Ислами на патеките ќе се појави веќе во вторник, на квалификациите во нејзината стандардна дисциплина - 400 метри со пречки. Нејзин најдобар резултат во оваа дисциплина е 59,33 секунди, додека на овогодишните Медитерански игри оствари време од 60,68 секунди.

Ивановски, пак, на тартанот ќе се појави во среда, во квалификациите за 1.500 метри. Неговото најдобро време во оваа дисциплина го оствари токму во Тарагона, истрча за 3:47,13 минути.