Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2015

Велс уште без Европско првенство, Босна и Херцеговина убедлива

Фудбалерите на Велс одиграа без голови со Израел и ја пропуштија првата шанса да обезбедат директен пласман на ЕВРО 2016.

На две кола пред крајот на квалификациите, екипата која на теренот ја предводи Герет Бејл остана на првото место на табелата на групата Б со 18 бодови.
Велс доминираше од почетокот до крајот на натпреварот, создаде голем број шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на Израелците.
Белгија во финишот на натпреварот дојде до победа над Кипар, а победата на својот тим му ја донесе Азар на четири минути пред крајот на средбата.
Босна и Херцеговина на свој терен убедливо ја совлада Андора со 3-0 и ги задржа шансите да се најде на Европското првенство. Екипата на Мехмед Баждаревиќ се наоѓа на четвртото место на табелата со 11 бодови.
Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, прво мрежата на „Билино поле“ ја затресе Бичакчиќ во 14-тата минута, по корнерот на Пјаниќ, предноста ја удвои Џеко 15 минути подоцна, а конечниот резултат го постави Лулиќ по новиот удар од аголот.
Двата тима натпреварот го завршија со десетмина играчи. Прво црвен картон доби Бешиќ, по острата реакција по фаулот над него, а потоа теренот го напушти и Родригес, по многуте искри на теренот.

Група Б:
Велс – Израел 0-0
Босна и Херцеговина – Андора 3-0
Кипар – Белгија 0-1
Табела: Велс 18, Белгија 17, Израел 13, Босна и Херцеговина 11, Кипар 9, Андора 0

Најнови вести