Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Шкендија сега се подготвува за дуел против Розенборг

Македонскиот првак ќе продолжи во второто по ранг натпреварување во Европа

Екипата на Шкендија синоќа го заврши настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, но го продолжува европското лето. Македонскиот шампион сега продолжува во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Противник ќе биде подобриот тим од двомечот Розенборг - Корк сити. Норвежаните имаат предност од 2-0 по првиот меч. 
Тетовскиот клуб и минатата сезона стигна до оваа фаза, но тогаш беше елиминиран од италијанскиот Милан. Сега предизвик најверојатно ќе му биде повеќекратниот норвешки шампион, кој утре треба да го потврди пласманот во плејофот. 
Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, најави дека неговиот тим нема да се предаде предвреме.
„Розенборг е квалитетна екипа, но ние рамноправно ќе се бориме со нив за пласман во групната фаза од Лигата на Европа“, рече Османи, кој додаде дека двомечот против Салцбург бил загубен уште по првите 90-тина минути, кога Австриците славеа со 3-0. 
На синоќешниот реванш во Скопје, Салцбург повторно се радуваше, но овој пат минимално со 1-0 и оди понатаму со вкупни 4-0 по двата меча со Шкендија. 

Најнови вести