Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Османи: Поразот од 3-0 во Австрија беше нереален, сè ќе направиме за да победиме

Предводникот на тетовци верува во својот тим, Шкендија ќе се обиде да направи пресврт во Скопје

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, на денешната прес-конференција пред реваншот со Салцбург истакна дека според него убедливиот пораз на првата средба е нереален, а неговата екипа утре ќе се обиде да направи сè што е во нивна моќ за да докаже дека не заслужила толку убедливо да биде поразена.

„Верувам дека можеме да победиме. Поразот 3-0 на првиот меч според мене е нереален, подготвени сме да докажеме дека е така. Во Австрија примивме голови на наши грешки, додека не ги искористивме шансите што ни се укажаа. Сега ни останува максимално да се сконцентрираме на овој реванш. Мора целосно да се посветиме на овој меч, во моментов не размислуваме за ништо друго. Верувам дека со даден максимум на теренот можеме да оствариме позитивен резултат“, вели тренерот Османи.

Во пресрет на утрешната пресметка против Ред Бул Салцбург, во составот на македонскиот првак ќе недостасува само Мевљан Мурати, кој заработи повреда на дербито против Вардар во рамките на домашниот шампионат.

 

Најнови вести