Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2014

Џеко повреден, нема да игра против Израел

Един Џеко, напаѓачот на Босна и Херцеговина, изјави дека му е многу тешко што поради повредата ќе го пропушти натпреварот против Израел во квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Напаѓачот на Манчестер сити го повреди листот на десната нога и ќе паузира неколку седмици.
„Многу ми е тешко што нема да го играм овој натпревар, особено поради тоа што имав добро чувство. Меѓутоа, повредата дојде во најнезгоден момент и морам да се помирам со тоа“, изјави Џеко за босанските медиуми.
Тој изјави дека репрезентацијата и со него и без него ја очекува тежок натпревар, но дека верува во своите играчи и во добар резултат.
„Верувам во екипата, знам дека поседуваме квалитет да оствариме добар резултат во Хаифа. Ни недостасуваат неколкумина, но на играчите коишто се тука треба да им се даде поддршка и да се верува во нив“, додаде Џеко.
Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Израел се игра на 16-ти ноември во Хаифа.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина по три натпревари во квалификациите за Европското првенство, се наоѓа на петтото место во групата Б со два освоени бода.

Најнови вести