Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2014

Просинечки селектор на Азербејџан

Роберт Просинечки, поранешниот фудбалер и тренер на Црвена ѕвезда, е именуван за селектор на репрезентацијата на Азербејџан, пренесе локалната агенција СИА.

Просинечки беше во Баку и разговараше со раководството на Фудбалскиот сојуз на Азербејџан, а присуствуваше и на натпреварот од домашното првенство меѓу Хазар Ланкаран и Нефтчи.
„Ми се допаѓа Баку,но не сакам да зборувам за околностите. Ги договоривме сите детали и ќе останам овде со своето семејство“, изјави Просинечки.
Неофицијално, хрватскиот стручњак годишно ќе заработува милион и пол долари.
Просинечки на клупата ќе го замени Германецот Берти Фогтс, кој беше отпуштен поради лошите резултати во квалификациите за Европското првенство.
Азербејџан се наоѓа на последното место во квалификациската група Х без ниту еден бод од четири натпревари.