Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2012

Јанковиќ на клупата на Ѕвезда

Александар Јанковиќ денес ќе биде претставен како нов тренер на Црвена ѕвезда, a паралелно и понатаму ќе ја води младата репрезентација на Србија.

Иако вчера вечерта изгледаше дека договорот е постигнат, тоа се случи дури утрово, а сè ќе биде официјализирано попладне.
Досегашниот тренер Роберт Просинечки вчера утрото поднесе оставка откако договорно ја раскина соработката со „црвено-белите“ по 20 месеци на местото шеф на стручниот штаб.
Јанковиќ веќе беше тренер на Црвена ѕвезда од ноември 2006 до јуни 2008 година. Ѕвезда тогаш остана без трофеј, но ја оствари најубедливата дерби-победа против Партизан во последните десет години со 4-1.
Наредниот тренинг на фудбалерите на Црвена ѕвезда ќе се одржи денес во 19 часот, а би требало да присуствува и повратникот на клупата.
„Црвено-белите“ на првиот меч во новото првенство како домаќини одиграа 2-2 со Рад, иако од 25-тата минута имаа играч повеќе на теренот.
Ѕвезда во четврток, во 20.45, на својот стадион против францускиот Бордо ќе го игра првиот натпревар од последното коло на квалификациите за Лигата на Европа.

Најнови вести