Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

АМС ги објави добитниците за наградите „8 Септември“

Професорот Таки Џиков ќе добие признание за животно дело

Државните награди од областа на спортот за Денот на независноста на Република Македонија ќе бидат доделени в сабота, а добитници се Таки Џиков (за животно дело), Ристо Таков, Стефан Гешоски и Владимир Радиќ (за посебни остварувања во спортот). 

Наградите „8 Септември” се доделуваат седма година по ред и ги вреднуваат постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија. Свеченото доделување ќе се случи во Собранието на Република Македонија, со почеток од 10.30 часот.

Претседател на Одборот за доделување на награди при Агенцијата за млади и спорт е проф. Ленче Алексовска-Величковска, актуелен декан на ФФКСЗ. Таа истакна дека годинава одборот имал потешка задача поради зголемениот број апликации, а запазени се сите законски рокови и критериуми при изборот на добитниците на наградите.

Џиков во одбојката има 5-то и 7-мо седмо место на младински европски шампионати, трето место на сениорско ЕП во 1979 година во Париз, 6-то место на Олимписките игри 1980 во Москва, злато на Медитеранските игри во Сплит 1979, и огромен број остварувања на клупски план.

Таков му беше тренер на борачот Шабан Сејди, кој во 1980 и 1984 година се закити со бронзени олимписки медали. Арсовски е селектор и тренер на карате репрезентацијата. Неговите пулени Емил Павлов и Жарко Арсовски освоија медали на СП, ЕП и на Балканското првенство. 

Радиќ беше селектор на македонската женска ракометна репрезентација од 1990 до 2004 година и освои седмо место на СП во 1997 во Германија, осмо место на ЕП во Холандија 1998, а на клупски план беше во стручниот штаб на европскиот шампион Кометал Ѓорче Петров во 2002.

Гешовски е ексрепрезентативец на Југославија во кошарка, на медитеранските игри во 1979 освои сребрен медал во Сплит 1979. Тој е еден од ретките кошаркари што биле капитени и на Работнички и на МЗТ Скопје. Беше директор на репрезентацијата на Македонија која настапи на ЕП 1999 во Франција.