Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2017

Хамилтон и Фетел намерно се судрија, славеше Рикијардо

Досадната патека во Баку без многу места и можности за престигнување донесе многу возбуда, судири, Ленс Строл од Вилијамс на одличното трето место, второто место го изгуби на целната насока во фотофинишот.

Австралиецот Даниел Рикијардо (28) славеше на Големата награда на Азербејџан на градската патека во Баку, но по возбудлива трка, трка на судири, прекинувања, казни...
Тоа е петта победа на Рикијардо во кариерата во болидот на Ред Бул, 22-ри подиум во 117 стартови, втор беше Финецот Валтери Ботас во Мерцедес, кој кон целта пред спуштањето на карираното знаменце го престигна 18-годишниот Канаѓанец Ленс Строл во Вилијамс.
Трката ја одбележа намерното судирање на двата главни кандидати за титулата Фетел и Хамилтон. Под безбедносното возило Британецот нагло прикочи, а Германецот удри во него и го скрши „носот“. Потоа го престигна и намерно го удри од страна. Двајцата мораа да одат во боксот поради казна. Фетел десет секунди, а Хамилтон да го поправи заштитниот дел околу вратот и главата. Ботас во првиот круг го удри Раиконен и му го разнесе болидот, поради што Финецот од Ферари подоцна се откажа бидејќи болидот полека му се распаѓаше во текот на трката. Ботас, исто така Финец, не беше казнет, но мораше да оди во боксот за да го поправи неговиот болид, доцнеше еден круг, но го спаси безбедносното возило и прекинувањето на трката. На крајот беше втор во драматичниот финиш.
Наредниот натпреварувачки викенд е од седми до деветти јули во Австрија, на патеката „Ред Бул ринг“ (71 круг, 4.326 км.)

Генерален пласман на возачите: 
1. Себастијан Фетел (Ферари) 153 бода
2. Луис Хамилтон (Мерцедес) 139
3. Валтери Ботас (Мерцедес) 111
4. Даниел Рикијардо (Ред Бул) 92
5. Кими Раиконен (Ферари) 73

Генерален пласман на екипите: 
1 Мерцедес 250 бода
2. Ферари 226
3. Ред Бул рејсинг Таг Хојер 137
4. Форс Индија Мерцедес 79
5. Вилијамс Мерцедес 37

Најнови вести