Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2014

Сушиќ: Се враќаме дома со кренати глави

Сафет Сушиќ, селекторот на Босна и Херцеговина, изјави дека е многу задоволен од победата над Иран во последниот натпревар на Мундијалот во Бразил.

Босанците со 3-1 го победија Иран и со тоа ја остварија првата победа на светските првенства, а истовремено му оневозможија на ривалот да се пласира во осминафиналето.
Сушиќ изјави дека репрезентативците може да се вратат дома со кренати глави.
„Доминиравме во текот на целиот натпревар и заслуживме да победиме. Иако знам дека Иран сакаше да се пласира во осминафиналето, ова е важна победа за нас. Сега можеме да се вратиме дома со кренати глави“, изјави Сушиќ.
Карлуш Кеирош, селекторот на Иран, изјави дека неговиот тим дал сè од себе.
„Одевме напред до крајот, ментално и физички, и јас сум многу горд на играчите. Покрај сите тешкотии, продолживме да притискаме и да создаваме добри шанси, но Босна беше подобра“, изјави Кеирош.

Најнови вести