Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Осум гола на Белгија, бод за Босна и Херцеговина бод во Грција

Фудбалерите на Босна и Херцеговина одиграа 1-1 во гости со Грција, во натпреварот од групата Х во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Босна и Херцеговина поведе со автоголот на Орестис Карнезис во 32-рата минута, а изедначување на домашниот тим му донесе Јоргос Цавелас во шестата минута од продолжението.
Двете екипи натпреварот го завршија со десет играчи. Един Џеко во 80-тата минута од средбата доби втор жолт картон, а Киријакос Пападопулос директно црвен. Грција е втора со десет бодови, додека Босна и Херцеговина е трета со седум.
Прва во групата и понатаму е Белгија, која синоќа на домашен терен ја победи Естонија со 8-1. Дрис Мертенс постигна хет-трик, додека Ромелу Лукаку даде два гола. „Ѓаволите“ ги имаат сите четири победи и 12 бода.
Португалија на домашен терен ја победи Летонија со 4-1. Кристијано Роналдо постигна два гола и не погоди пенал, но европскиот шампион со овој триумф дојде на второто место во групата Б со девет бодови, три помалку од Швајцарија, која вчера ги победи Фарски Острови со 2-0. Унгарија е трета со седум бодови.

 

Најнови вести