Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2015

Квалификации: Порази на Холандија и Босна и Херцеговина, реми на Турција

Репрезентациите на Холандија и на Босна и Херцеговина со новите порази ги загрозија шансите да се пласираат на ЕВРО 2016, а блиску до пласман се: Исланд, Велс, Белгија и Италија.

Холанѓаните ги разочараа навивачите со поразот од 1-0 од Исланд, а тоа го искористи Чешка со пресвртот од 2-1 против Казахстан, но не и Турција со ремито од 1-1 против Летонија.
Белгијците под водство на Кевин де Бројне направија пресврт против Босна и Херцеговина со 3-1 и ги оддалечија „змејовите“ од Европското првенство, додека Италија со минимален резултат над Малта ја престигна Хрватска и го презеде челото на групата.
Азербејџан предводен од новиот селектор Просинечки успеа да ги задржи Хрватите и одигра без голови на домашен терен против досегашниот лидер во групата Х.
Герет Бејл го зацврсти Велс на првото место во групата Б пред Белгија со голот за победа на Кипар, а Израел со убедлив триумф од 4-0 над Андора остана во игра за директен пласман.
Норвешка со минималниот триумф во Софија против Бугарија продолжува да ги следи Италија и Хрватска, од која има само бод помалку, а ја дочекува во вторник во Осло.

Група А:
Чешка – Казахстан 2-1
Шкода 74’, 86’ – Логвиненко 21’
Холандија – Исланд 0-1
Инди ЦК 33’ – Сигурдсон 51’
Турција – Летонија 1-1
Инан 77’ – Сабала 90’+1
Група Б:
Белгија – Босна и Херцеговина 3-1
Фелаини 23’, Де Бројне 44’, Азар 78’п – Џеко 15’
Израел – Андора 4-0
Зехави 4’, Битон 22’, Хемед 26’п, Дабур 38’
Кипар – Велс 0-1
Бејл 82’
Група Х:
Бугарија – Норвешка 0-1
Форен 57’
Италија – Малта 1-0
Пеле 69’
Азербејџан – Хрватска 0-0

Најнови вести