Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2015

Волтерс преку БИХ ја одведе Ирска на ЕП

Репрезентацијата на Република Ирска се пласираше на Европското првенство 2016 година во Франција со триумфот над Босна и Херцеговина од 2-0 во Даблин.

Првиот дуел на двата тима заврши нерешено со 1-1, а Ирците не дозволија изненадување на реваншот во кој заслужено славеа победа.
Јунак на победата беше Џонатан Волтерс, кој беше стрелец на двата погодока на „Авива“ стадионот, прво во 24-тата минута од пенал, а потоа и во 70-тата минута.
Ова за Ирска ќе биде трето учество на шампионатот на „Стариот континент“, после 1988 и 2012 година. Досега двапати Ирците беа елиминирани после групната фаза.
После реми натпреварот во Зеница, Ирците пред своите навивачи одиграа многу подобро, додека пак репрезентацијата на Босна и Херцеговина не успеа да им се закани посериозно. Во прилог на тоа доаѓа и фактот дека гостите во текот на 90-те минути немаа ниту еден шут во рамката на голот. Од друга страна пак, репрезентацијата на Ирска имаше само еден, а го искористи преку Волтерс во 70-тата минута.
Домаќините поведоа преку Волтерс во 24-тата минута, кога тој беше сигурен на  белата точка, на која судијата покажа откако Ервин Зукановиќ играше со рака. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина поради тоа доби опомена, а Волтерс сигурно го изведе пеналот и топката ја прати во долниот лев агол.
Сите дилеми околу тоа која репрезентација ќе замине за Франција беа решени во 70-тата минута, кога Волтерс го постигна и другиот гол. Голманот на гостинската екипа, Асмир Беговиќ , претходно успеа да одбрани, но Волтерс ја пречека топката и шутираше кон десната страна, по што заврши во мрежата откако се одби од стативата.
Покрај триумфот на Ирците, овој натпревар беше обележан и со срамното однесување на неколкумина гостински навивачи кои скандираа: „Палестина, Палестина“, во текот на едноминутниот молк, посветен на жртвите од терористичкиот напад во Приз.

Најнови вести