Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Франција со реми прва во групата, Албанија чека осминафинале

Фудбалерите на Швајцарија се изборија за пласман во осминафиналето на Европското првенство како второпласиран тим од Групата А.

Швајцарците во последното коло од групната фаза ремизираа со домаќините Франција со 0-0, со што „триколорите“ го освоија првото место.
Во вториот натпревар во групата Албанија со минимален резултат со голот на Армандо Садику во 43 минута ја совлада репрезентацијата на Романија за првите три бодови во историјата на европските првенства и надеж за пласман меѓу 16-те најдобри како третопласиран тим. 
Французите како првопласирани од групата во осминафиналето ќе играат со една од трето пласираните селекции, со најдобрите од групата Ц, Д и Е.
Швајцарците во првата рунда од нокаут фазата на натпреварувањето на ЕВРО 2016 ќе играат со второпласираниот тим од Групата Ц, што најверојатно ќе биде Полска.
Ако во некој случај Албанија помине како трето пласирана, во осминафиналето ќе ја чека освојувачот на Групата Ф, а моменталниот лидер е Унгарија пред Исланд и Португалија. 

Најнови вести