Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
01.7.2016

Португалија без победа до полуфиналето на Евро

Фудбалерите на Португалија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство со победата над Полска 5-3 на пенали, по реми резултатот од 1-1 по 120 минути игра.

Руи Патрисио го одбрани шутот на Јакуб Блашчиковски во четвртата серија, за триумфот повторно да го донесе резервниот играч Рикардо Кварежма.
Фудбалерите на Полска одлично го започнаа натпреварот, поведоа уште во втората минута со првиот гол на Роберт Левандовски на ЕВРО, но во 33-тата минута 18-годишниот Ренато Санчез изедначи со одличен удар со левата нога од околу 20 метри.
Португалија во продолжението на натпреварот имаше повеќе од играта, беа поконкретни во завршните акции, но Кристијано Роналдо упропасти две одлични ситуации промашувајќи ја топката во битните моменти.
Полјаците не успеваа да пронајдат нов простор за Левандовски или Милик, ретко се закануваа кон голот на Португалија, но овој пат немаа среќа во пенал серијата како во осминафиналето со Швајцарија.
Португалија без една победа во регуларните 90 минути на пет натпревари стигна до полуфиналето на ЕП, каде ќе игра со подобриот од денешниот дуел меѓу Велс и Белгија во Лил.
Ова за Португалија е петто полуфинале на европските првенства, а до сега само еднаш се бореа за титулата, како домаќини во 2004 година кога во финалето ги шокираше Грција.

Најнови вести