Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2016

Нула на Португалија со Австрија, реми на Унгарија и Исланд

Португалија одигра без голови со Австрија во второто коло на Европското првенство.

После две кола Португалија има само два бода, Австрија еден, па и понатаму и двете репрезентации имаат шанси да се пласираат во следната рунда.
На последниот натпревар Португалија ќе игра со Унгарија која е лидер во групата со четири бода, а Австрија ќе игра со Исланд кој има две ремија.
Португалија имаше повеќе шанси на овој натпревар и дури десет корнери и 23 удари кон голот. Во првото полувреме Нани ја погоди стативата, а во второто ударите на Роналдо ги одбрани голманот Алмер.
Најголемата шанса Португалија ја пропушти во 78 минута кога Роналдо од пенал ја погоди во стативата, а во 85 минута постигна гол кој беше поништен поради офсајд ситуација.
Кристијано Роналдо на овој натпревар стана рекордер по бројот на настапи за Португалија со 128 натпревари.
Во првиот натпревар од второто коло во оваа група Исланд и Унгарија одиграа нерешено, 1-1. Исланѓаните поведоа со голот на Сигурдсон од пенал во 40 минута, а Северсон на две минути до крајот ја погоди сопствената мрежа и им подари бод на Унгарците.

Најнови вести