Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2017

СП 2018: По Бразил, се пласира Иран

Фудбалерите на Иран се пласираа на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година.

„Персијците“ со победата против Узбекистан со 2-0 во Техеран изборија директен пласман од групата А во азиските квалификации.
Головите ги постигнаа Сардар Азмун во 23-тата и Мехди Тареми во 88-мата минута. Иран петти пат се пласираше на Светското првенство, а прв пат два пати последователно ќе учествува на Мундијалот.
Иран е прв во групата А во азиските квалификации со 20 бодови и на две кола пред крајот, има осум бодови повеќе од третопласираниот Узбекистан и сигурно како прв ќе отиде на Мундијалот.
Првите две екипи одат понатаму, а втора е Јужна Кореја со 13 бодови, но и натпревар помалку.
Екипата на Иран нема примено гол во квалификациите, а од клупата од 2011 година ја предводи Карлос Кеирос, поранешниот тренер на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Португалија.
Иран е втора екипа која досега се пласирала на Светското првенство, по Бразил. Русија како домаќин веќе има обезбедено учество.

Најнови вести