Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2015

Бараж за ЕВРО: Босанците против Ирска, скандинавско дерби

Фудбалерите на Босна и Херцеговина ќе играат против Република Ирска во баражот за Европското првенство во Франција 2016 година.

Освен дуелот меѓу Босна и Република Ирска, баражот ќе го обележи и скандинавското дерби во кое ќе се сретнат Шведска и Данска.
Покрај овие две средби, ќе играат уште Украина против Словенија и Норвешка против Унгарија, а натпреварите на програмата се од 12-ти до 17-ти ноември.

Бараж за ЕВРО 2016:
Унгарија – Норвешка
Украина – Словенија
Шведска – Данска
Босна и Херцеговина – Република Ирска
Европскиот шампионат во Франција се игра од 10-ти јуни до 10-ти јули следната година, а за прв пат ќе учествуваат 24 селекции.

Најнови вести