Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Бараж за СП: Хрватска меѓу привилегираните селекции

Репрезентациите на Швајцарија, Италија, Хрватска и Данска се привилегирани на ждрепката за баражот за Светското првенство и за ривали може да ги добијат Северна Ирска, Шведска, Република Ирска и Грција.

УЕФА ги распореди селекциите врз основа на објавената листа на ФИФА и поради тоа што Данска излезе пред Северна Ирска по двата пораза на „северните“ од Германија и од Норвешка овој месец.
Швајцарија има најдобар рејтинг во доигрувањето бидејќи е 11-та на светот, Италија е 15-та, Хрватска 18-та, Данска 19-та, додека меѓу непривилегираните се: Северна Ирска (23-та), Шведска (25-та), Република Ирска (26-та) и Грција (47-ма).
Ждрепката на програмата е утре, во 14 часот, а првите натпревари во баражот ќе се играат на деветти и 11-ти ноември, додека реваншите на 12-ти и на 14-ти ноември.
Во преостанатите два натпревари од баражот на останатите квалификации играат Перу против Нов Зеланд и Хондурас против Австралија, а се чекаат уште три места за пат во Русија од африканските квалификации.

Најнови вести