Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2016

Познати ракометните и одбојкарските четврт-финалиња

Ракометарите на Франција во четвртфиналето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе играат против селекцијата на Бразил, а Хрватска против репрезентацијата на Полска.

Олимпискиот шампион од Лондон, селекцијата на Франција, го зазема второто место во Групата А со осум освоени бодови, па во борбата за полуфиналето ќе игра против трето пласираната екипа од Групата Б, Бразил.
Првото место во Групата А го освои Хрватска, исто така со осум бодови, па селекцијата која ја освои бронзата во Лондон во четвртфиналето за противник ќе ја има репрезентацијата на Полска.
Хрватска првото место го потврди со синоќешната убедлива победа против Тунис со 41-26. 
Ракометарите на Германија во групната фаза завршија на првото место во Групата Б со осум бодови и во четвртфиналето ќе играат против репрезентацијата на Катар.
Последниот пар во четвртфиналето го сочинува Словенија, со второпласираната екипа од Групата Б, и Данска која натпреварувањето во групата го заврши со шест бодови.
Исто така познати се и машките одбојкарски четвртфинални парови. 
Италија го зазема првото место во Групата А со 12 бодови, па во четвртфиналето ќе игра против Иран. Во Групата Б најдобри се одбојкарите на Аргентина, кои исто така освоија 12 бодови, а нивен противник во следната рунда ќе биде Бразил.
Во останатите две четвртфиналиња, селекцијата на САД ќе игра против репрезентацијата на Полска, а Канада против Русија.

Најнови вести