Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2015

Џеко ѝ донесе реми на Босна на првиот меч со Ирска

Првиот натпревар од баражот за пласман на Евро 2016 меѓу Босна и Херцеговина и Република Ирска заврши со нерешен резултат од 1-1.

Во тешки услови на „Билино поље“ во Зеница, во густа магла, Босанците имаа контрола на играта и почесто се закануваа кон голот на гостите, но Ирците неочекувано први дојдоа до водство.
Во 82 минута Бради успева да го совлада Асмир Беговиќ и да ја доведе во водство Ирска од 0-1, а три минути подоцна, Един Џеко го постигна голот со кој успева да ја спаси репрезентацијата на БиХ да не доживее пораз во првиот бараж дуел со Ирска.
Со овој резултат Република Ирска е фаворизирана, но Босна и Херцеговина има сè уште шанси за Европското првенство.

Најнови вести