Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2017

Лига на Европа: По три гола Ибрахимовиќ и Џеко

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го победија Сент Етјен на „Олд Трафорд“ со 3-0 во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, додека најубедлив триумф (4-0) оствари Рома на гостувањето кај Вилјареал.

Од седумте натпревари во вечерниот термин, само дуелот меѓу Легија и Ајакс е завршен со нерешен резултат, додека победи остварија уште: Андерлехт, Атлетик Билбао, Бешикташ и Селта.
Сите три гола за „црвените ѓаволи“ ги постигна Златан Ибрахимовиќ. Французинот првиот гол го постигна со многу среќа, односно со помош од живиот ѕид на Сент Етјен во 15-тата минута, предноста ја дуплираше во 75-тата, а точка на уште едно добро издание на тимот на Мурињо стави од пенал во 88-мата минута.
Расположен беше и Един Џеко, трократниот стрелец за Рома во предградието на Валенсија. Гостите во водство ги донесе Емерсон во 32-рата минута, а потоа на сцена стапи напаѓачот од Босна и Херцеговина, кој головите ги постигна во 65-тата, 79-тата и 86-тата минута.
Шалке триумфираше во Солун против ПАОК (0-3), а значаен триумф забележа и Бешикташ во Израел против Хапоел Бер Шева (1-3).

Резултати од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа:
Андерлехт – Зенит 2-0
Атлетик Билбао – АПОЕЛ 3-2
Хапоел Бер Шева – Бешикташ 1-3
Легија – Ајакс 0-0
Манчестер јунајтед – Сент Етјен 3-0
ПАОК – Шалке 0-3
Вилјареал – Рома 0-4

Најнови вести