Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2015

Бентеке ќе ја пропушти Босна и Херцеговина

Кристијан Бентеке, напаѓачот на Ливерпул, ќе го пропушти дуелот на репрезентацијата на Белгија со Босна и Херцеговина.

Бентеке го повреди бутот во натпреварот со Вест хем во Премиер лигата минатиот викенд, па не е подготвен за средбата во квалификациите за Европското првенство.
Белгија игра еден од клучните натпревари во борбата за пласман во Франција 2016, бидејќи има три бодови помалку од лидерот на групата Б Велс, а само два повеќе од првите следбеници Израел и Кипар.
Еден бод помалку од нив има Босна и Херцеговина, која со евентуална победа во Брисел, целосно ќе ја искомплицира ситуацијата во групата.
Бентеке постигна шест гола на 24 натпревари за „црвените ѓаволи“, а би требало да биде подготвен за натпреварот со Кипар во недела.
Белгија денес, од 20.45 часот, ја дочекува Босна и Херцеговина , а прв избор на Марк Вилмотс во нападот сега ќе биде Ромелу Лукаку.

Најнови вести