Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2014

Сафет Сушиќ избегнал ограбувачи во Бразил

Експедицијата на Босна и Херцеговина била цел на ограбувачи, но успеала во последен миг да ја избегне групата вооружени криминалци.

Сафет Сушиќ, селекторот на  репрезентацијата на Босна и Херцеговина, со соработниците бил на прошетка на улиците на Гваруха, гратче во близина на Сао Пауло, кога ги снимиле и ги следеле група вооружени момчиња, со очигледна намера да ги нападнат, јавија босанските медиуми.
Тројца вооружени ограбувачи ги следеле Сушиќ и неговите соработници неколку стотина метри, и само што тргнале да ги нападнат, наишла патрола на локалната полиција, која ги вклучила ротационите светла.
Ограбувачите во тој момент се разбегале, па селекторот на Босна и Херцеговина и неговите соработници безбедно се вратиле во хотелот.
Минатата седмица бил ограбен еден српски новинар, и тоа само што стапнал во Сао Пауло, па јасно е дека во текот на Мундијалот ќе има многу проблеми со криминалот.
Ограбувачите ќе се обидат максимално да го искористат големиот број учесници на Светското првенство и туристи да украдат што повеќе пари, фотоапарати, камери, лаптопи, таблети и мобилни телефони.

Најнови вести