Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2014

Сушиќ: Да размислам неколку дена

Сафет Сушиќ, селекторот на Босна и Херцеговина, не поднесе оставка по новиот неуспех во квалификациите за Евро 2016 година.

„Змејовите“ доживеаја дебакл од Израел, беа поразени со 3-0 во Хаифа, па имаат само два бода од четири натпревари во групата Б.
„Мојата одлука за оставка ќе ја дознаете наскоро. И кога го продолжував договорот, си оставив неколку дена да размислам, исто така ќе направам и сега. Шансите за пласман и понатаму постојат. Мораме да направиме чудо, но, треба и тоа да се обидеме“, изјави Сушиќ.
Сушиќ само пред една година беше јунак на Босна и Херцеговина, кога оваа селекција ја одведе на Светското првенство, нејзино прво големо натпреварување. Сега навивачите му порачуваат: „Оди си, оди си незнајко“.
„Бев една од најпопуларните личности во Босна и Херцеговина кога ја одведов репрезентацијата на Светското првенство, сега веројатно сум најомразениот, па да видам како изгледа и тоа“, додаде Сушиќ.
Сушиќ е главен кандидат за да биде следниот сменет тренер во квалификациите за ЕВРО 2016 година, работата веќе ја изгубија Дик Адвокат (Србија), Клаудио Раниери (Грција) и Темур Кецбаја (Грузија).
Загрозен е и Фабио Капело (Русија), но Италијанецот моментно го штити договорот од седум милиони евра.

Најнови вести