Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2014

Сушиќ: Белгија меѓу најдобрите

Сафет Сушиќ, селекторот на Босна и Херцеговина, изјави дека Белгија е една од најдобрите репрезентации со која играла неговата екипа.

Босанците во квалификациите за Европското првенство 2016 година со Белгија одиграа нерешено 1-1 во Зеница и сега имаат два бода, а претходно ремизираа со Велс и изгубија од Кипар.
„Им честитам на играчите за многу добрата игра. Белгија, покрај Аргентина, е најсилната екипа против која сме играле“, изјави Сушиќ.
Селекторот на Босна и Херцеговина е задоволен со освоениот бод, иако неговата екипа прва поведе со голот на Џеко.
„Белгија пред неколку денови имаше полесен натпревар, беа поодморени, ние игравме тежок меч. Пред натпреварот изјавив дека не би бил задоволен со реми, но сега кажувам дека сум“, додаде Сушиќ.

Најнови вести