Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.6.2018

Лукаку не игра против Англија

Ромелу Лукаку го провредил надворешниот лигамент на коленото во победата на Белгија над Тунис од 5-2.

Напаѓачот на манчестер јунајтед ќе го пропушти натпреварот на Белгија со Англија кој ќе решава кој ќе биде прв во групата Г. Лукаку беше стрелец против Панама и Тунис, но на натпреварот со африканската селекција се здоби со повреда на коленото.
Белгискиот центарфор брзо заздрави, но најверојатно селекторот Мартинез нема да смета на неговите услуги за денешниот натпревар.
„Многу добри вести имаме по прегледите на Лукаку. Нема нови проблеми околу повредата, но и понатаму не му е баш најпријатно. Уште не сме решиле дали ќе игра. Може да еден ден прерано за негово враќање, но нема подолго да отсуствува“, изјави шпанскиот стручњак.
Тој изјави дека победата против Англија не е приоритет, за разлика од неговиот колега Саутгејт. Тимот кој ќе биде второпласиран ќе има полесен распоред во нокаут фазата.