Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2018

Мартинес избра – „ѓаволски“ состав на Белгија за СП

Роберто Мартинес ја соопшти конечната листа од 23-ца играчи кои ќе ја претставуваат Белгија на Светското првенство во Русија.

Од проширениот список отпаднаа голманот Мац Селс, Кристијан Кабаселе, Лоран Симан, Џордан Лукаку и Кристијан Бентеке.
Мартинес требаше првобитниот список од 28-мина играчи да го скрати на 23-ца, но наместо тоа соопшти имиња на 24-ца фудбалери, вклучувајќи го и Компани, кој на пријателскиот натпревар против Португалија во саботата ги повреди препоните.
Составот на Белгија за Мундијалот изгледа вака:
Голмани: Коен Кастелс, Тибо Куртуа, Симон Мињоле.
Одбрана: Дедрик Бојата, Тоби Алдервејрелд, Томас Вермелен, Јан Вертонген, Леандер Дендонкер, Винсан Компани, Томас Мание.
Средина на теренот: Насер Шадли, Торган Азат, Еден Азар, Маруан Фелаини, Аднан Јанузај, Муса Дембеле, Јури Тилеманс, Аксел Вицел, Кевин де Бројне.
Напад: Јаник Караско, Ромелу Лукаку, Дрис Мертенс, Миши Батшуаји.
Белгија на Мундијалот ќе игра во групата Г со репрезентациите на Панама, Тунис и Англија.

Најнови вести