Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2018

Јанузај за победа на Белгија, Англија го избегна потешкиот пат

Белгија ја победи Англија со 1-0 во последното коло од групата Г на Светското првенство во Русија.

Пред почетокот на натпреварот се знаеше дека репрезентацијата која ќе биде прва во групата ќе има потежок противник во четвртфиналето, каде се наоѓа Бразил.
Со минималната победа Белгија во осминафиналето ќе игра против Јапонија, а во потенцијалното четврт-финале со Бразил или Мексико.
Од друга страна Англија на стартот на нокаут фазата ќе се сретне со Колумбија, а победникот од овој дуел ќе игра со Швајцарија или Шведска.
Единствениот гол го постигна Аднан Јанузај во 51-ата минута кога од работ на шеснаесетникот со прекрасен удар го совлада Џордан Пикфорд.
Иако ова беше натпревар во кој и двете репрезентации не сакаа да победат, и двата тима имаа свои шанси, но беше јасно дека не се игра со 100%.
Денес е ден за одмор на Светското првенство, а од сабота почнуваат осминафиналните дуели.

Најнови вести