Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2018

Азар најдобар во 2017: Ова ми е прва, но не и последна награда

Еден Азар, фудбалерот на Челзи, е прогласен за најдобар белгиски играч во 2017 година, победувајќи го Кевин де Бројне, земјакот од Манчестер сити.

Азар, освојувачот на шампионската титула во Премиер лигата минатата година, доби 326 гласа, односно 11 повеќе од Де Бројне, веројатно најзаслужниот за лидерското место на Манчестер сити во новата сезона , Мертенс доби 270, а четврти беше Ромелу Лукаку, напаѓачот на Манчестер јунајтед.
„Ова ми е прва награда во Белгија, сигурно не и последна. Гласот го дадов за Мертенс, имаше одлична година, даде многу голови и играше на позиција која не е негова“, изјави Азар.
Првата ѕвезда на „сините“ како лауреат го наследи токму Де Бројне, кој претходните две години беше избран за најдобар белгиски фудбалер.

Најнови вести