Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2014

Меси: Босна одлична, ние недоречени

Лионел Меси, капитенот на Аргентина, изјави дека неговата екипа има уште многу простор за напредок, истакнувајќи дека Босна и Херцеговина е добра екипа.

Ѕвездата на Барселона доби овации пред почетокот на натпреварот на „Маракана“, пред да го постигне вториот погодок во триумфот на својот тим на отворањето на групата Ф.
„Босна е одличен тим, но ние имаме уште многу простор за напредок. Најважно е што шампионатот го отворивме со победа, иако бевме премногу повлечени во првите 45 минути“, изјави Меси.
Аргентина успеа да ја совлада Босна и Херцеговина во Рио де Жанеиро со многу проблеми, а Меси успеа да го прекине постот долг осум години на Мундијалот. Тој последен пат, и единствен во кариерата, беше стрелец во завршниот турнир во Германија, кога беше прецизен во демолирањето на Србија и Црна Гора со 6-0.
„Вториот гол им донесе големо олеснување на сите, особено мене. Добро е чувството кога ќе дадете гол, но мојот конечен сон е на 13-ти јули на овој стадион да го подигнам пехарот“, додаде Меси.
Аргентина својот нареден натпревар го игра против Иран на 19-ти јуни, додека Босна и Херцеговина истиот ден на полноќ ќе се сретне со Нигерија.

Најнови вести