Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2015

Вориорси ја преживеаја Јута за 19-0!

Кошаркарите на Голден Стејт задржаа максимален успех во НБА лигата (19-0) со победа над Јута џез со резултат 106:103.

Вориорс не беа убедливи како во досегашниот дел од сезоната, но успеаја да ја одржат минималната предност во Солт лејк сити. Повторно беа предводени од Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 26 поени, но 10 поени ги запиша во последните шест минути од натпреварот. Кари шутираше 9-20 од игра, 4-8 за три поени, а пред тоа имаше 6 скокови и 5 асистенции.
Зад него, одлично го пратеше Клеј Томпсон со 20 поени и 5 фатени топки, како и Дрејмонд Грин на кој му недостасуваше еден скок за дабл-дабл, а постигна 20 поени и 9 скокови.
Од тимот на Јута пак имаше неколку расположени играчи, а најефикасни беа Хејворд со 24 поени, еден повеќе од Фејворс кој пак забележа и 10 скокови. Брукс додаде 19 поени, а Гобер 13 поени и 11 скокови додека пак Худ 12 поени.
Синоќа беа одиграни осум натпревари, а порази остварија Оклахома сити од Аталанта (100:106), односно Сан Антонио од Чикаго (89:92).
Детроит го победи Хјустон со 116:105, Бостон го совлада Мајами со резултат 105:95, Сакраменто беше подобар од Далас со 112:98, додека пак во последниот натпревар на вечерта Ла Клиперс го победи Портланд со 102:87.

Најнови вести