Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2015

Болоња го отпушти Роси и преговара со Донадони

Фудбалскиот клуб Болоња објави дека го отпушти тренерот Делио Роси поради лошите резултати.

Болоња во вторникот на домашен терен беше поразена од Интер со 1-0, а по десет одиграни натпревари, се наоѓа во зоната за испаѓање на табелата на Серија А само со шест бодови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот веќе преговара со некогашниот тренер на Парма, Роберто Донадони.
Педесет и петгодишниот Роси екипата ја презеде во мај и под негово водство таа избори враќање во елитната конкуренција, но, изостанаа посакуваните резултати.
Роси е втор отпуштен тренер во Серија А оваа сезона, откако дебитантот Карпи минатиот месец го смени Фабрицио Кастори.

Најнови вести