Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2014

Болоња како Реал, заборави на фудбалерот кој го купи

Челниците на Болоња се посрамотија и веројатно го разочараа својот нов играч Бразилецот Ибсон затоа што заборавија да го дочекаат.

Претседателот на италијанскиот клуб Албано Гваралди веднаш суспендира четворица клупски директори поради овој пропуст.
Болоња на последниот ден од преодниот рок го договори трансферот на 30-годишниот играч за врска на Коринтијанс, кој веднаш со првиот авион тргнал во Италија. Но, никој од клупските официјални лица не го дочекал на аеродромот „Гилјермо Маркони“.
Италијанските медиуми наведуваат дека Гваралди збеснал кога слушнал што се случило, привремено ги суспендирал одговорните директори и отворил истрага за да утврди точно кој е одговорен за овој гаф.
За жал, овој случај од Болоња не е единствен за клубовите од Западна Европа, таков пропуст имаше и шпнаскиот гигант Реал Мадрид, кој своевремено заборави дека од Африка во Шпанија стигнува тогаш 15-годишен напаѓач од Камерун.
Станува збор за Самуел Ето, кој благодарение на случаен минувач успеал да дојде до клубот, поради што веројатно никогаш не го засака новиот клуб, а често и ја тресеше неговата мрежа во дресовите на Мајорка и Барселона.

Најнови вести